szo kovid virusot stana mnogu pameten

СЗО: ПОЧИТУВАЈТЕ ГО KOPОНА ВИРУСОТ, ТОЈ ИСПАДНА МНОГУ ПАМЕТЕН

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид, д-р Дејвид Наваро, апелираше до луѓето „да го почитуваат коронавирусот“ и изјави дека овој вирус постојано се развива и станува премногу „паметен“.

Во Велика Британија моментално доминантни се омикронските подсоеви BA.4 и BA.5, како и во сите земји каде што е забележан пораст на бројот на заболени.

Британскиот министер за здравство лорд Сајед Камал предупреди дека мерките за борба против КОВИД може да бидат вратени доколку голем број случаи вршат притисок врз здравствениот систем.

Наваро, еден ден откако бројот на починати од Ковид во Велика Британија надмина 200.000, за „Скај њуз“ изјави дека короната е способна постојано да се менува и да се развива.

„Причината поради која имаме зголемување на бројот на случаи е тоа што вирусот се менува и станува премногу паметен за нас. Може да ја помине нашата имунолошка одбрана“, рече тој.

Зголемувањето на бројот на случаи придонесе и луѓето да почнат многу повеќе да се дружат и да не преземаат мерки на претпазливост, како носење маски, додаде Наваро.

„Моето предупредување до сите е да разберат дека вирусот не исчезна. Иако не одзема толку многу животи во моментов, тоа е навистина непријатно, особено ако се заразите со продолжен ковид“, истакна Набаро.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!