ТРАЈКОВСКИ: „АРМ НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ 1000 ВОЈНИЦИ ЗА РОМАНИЈА И БУГАРИЈА СО МОЖЕН ВЛЕЗ НА УКРАИНСКА ТЕРИТОРИЈА! СЕ УПАТУВААТ НА БОЛЕДУВАЊЕ И СИ ДАВААТ ОТКАЗИ!“

ТРАЈКОВСКИ: „АРМ НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ 1000 ВОЈНИЦИ ЗА РОМАНИЈА И БУГАРИЈА СО МОЖЕН ВЛЕЗ НА УКРАИНСКА ТЕРИТОРИЈА! СЕ УПАТУВААТ НА БОЛЕДУВАЊЕ И СИ ДАВААТ ОТКАЗИ!“

Со сѐ поголемата ангажираност на НАТО во конфликтот во Украина, како и со можниот влез на американската елитна единица Screaming Eagles на територијата на оава држава, сѐ поизгледни се шансите за колатерална штета за „НАТО-сојузниците“, меѓу кои секако е и Македонија.

vesnikmonikabroj2-1

Имено, членот на партијата Родина, Владимир Трајковски, преку Фејсбук статус објавен на 26 октомври тврди дека нашата армија мора да обезбеди 1000 професионални војници за „вежба“ во Романија и Бугарија, но војници кои имаат искуство од војните од Ирак или Авганистан и ќе служат рамо до рамо со една од најелитните американски единици.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Ексклузивно!!!!

Министерката за одбрана Славјанка, деновиве се нашла под канонада од НАТО офицери на САД, заради неспособноста да обезбеди 1000 војници кои треба да бидат упатени во Бугарија и Романија до средината на ноември најдоцна.

Имено, таа имала проблеми со обезбедување на бројката бидејќи многу професионални војници од кадарот на АРМ не сакале да се најдат на списокот. Многумина од нив се упатиле на боледување а се шпекулира дека не мал број од нив ги депонирале своите откази од работните места.

Оние што се согласиле не ги задоволуваат критериумите на НАТО бидејќи воената алијанса барала изричито професионалци со искуство од Ирак и Авганистан.

Паниката кај војниците од АРМ настанала откако дознале за пристапувањето на десантната елитна единица на САД Screaming Eagles во Романија, чии претставници јавно изјавиле дека се спремни за влез на украинска територија што дефакто значи отпочнување воен судир со руската армија.

Конфликтот е се поизвесен, таргет се Молдавија и Романија, а детали ќе кажам во вечерашната емисија,“ пишува Трајковски.

Тимот на Коловрт не беше во можност да ги потврди или да ги демантира овие тврдења до пишувањето на оваа статија, но несомнено се чини дека светот оди кон фаза од која нема враќање назад, фаза од која најмногу ќе настрадаат најневините, а во тој кош, во секој случај, се наоѓаме и ние Македонците…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!