ТРУЕЊЕ, НЕНАДЕЈНА БОЛЕСТ ИЛИ НЕСРЕЌА - РУСКАТА ЕЛИТА ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ ВРЗ ПУТИН?

ТРУЕЊЕ, НЕНАДЕЈНА БОЛЕСТ ИЛИ НЕСРЕЌА – РУСКАТА ЕЛИТА ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ ВРЗ ПУТИН?

Како што наведува овој извор, како наследник на Путин се гледа шефот на Федералната Служба за Безбедност (ФСБ), Александар Бортников.

Украинското Министерство за одбрана тврди дека руската елита ја разгледува можноста за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.

„Труење, ненадејна болест, несреќа – руската елита ја разгледува можноста за отстранување на Путин“ – пишува во објавата на Фејсбук страницата на украинското Министерство за одбрана.

Украина наведува дека зад сето тоа стои група влијателни луѓе кои се во опозиција на Путин. Станува збор за, како што велат, политичка и бизнис елита.

„Нивна цел е да го отстранат Путин од власт што е можно поскоро и да воспостават економски врски со Западот, кои се уништени поради војната“ – се додава во објавата на Фејсбук.

Како што наведуваат Украинците, како наследник на Путин го гледаат шефот на ФСБ Александар Бортников.

„Значајно е што самиот Бортников неодамна падна во немилост на Путин. Официјалната причина за неговиот пад е фаталната проценка на војната во Украина“ – соопшти украинското министерство.

Бортников и неговиот оддел, според објавата, биле задолжени за анализа на состојбите меѓу луѓето во Украина, како и за проценка на капацитетот на украинската армија.

Украинското Министерство понатаму наведува дека Бортников и некои влијателни претставници на руската елита разгледуваат различни опции како да го тргнат Путин од власт.

„Пуста желба“ или нешто поинакво?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!