bil klinton

ТВИТЕР ГО БЛОКИРАШЕ ПРОФИЛОТ НА ЖЕНАТА КОЈА ГО ОБВИНИ БИЛ КЛИНТОН ЗА СИЛУВАЊЕ ПОРАДИ ТВИТ ПРОТИВ BAKЦИНИТЕ!

Хуанита Броддрик – поранешна администраторка на старечки дом која го обвини поранешниот американски претседател Бил Клинтон дека ја силувал во 1978 година – беше забранета на Твитер откако ја доведе во прашање ефикасноста на вакцините против Ковид 19 на социјалните мрежи.

Твитер ја известил Бродрик за забраната, тврдејќи дека ја заклучил нејзината сметка поради „кршење на политиката за ширење на погрешни и потенцијално штетни информации во врска со КОВИД 19“, се вели во е-поштата добиена од Фокс њуз.

Нејзиниот твит што доведе до забрана беше објавен во саботата и сугерира дека вакцините против коронавирус „не делуваат“ и „ја менуваат ДНК“.

„Кога ќе заврши ова срање со вакцини? Биг Фарма профитираше доволно за следните сто години. Престанете да ги принудувате вакцините кои не делуваат и ја менуваат ДНК“, се вели во написот.

juanita broaddrick

Во понеделник, нејзината сметка сè уште беше суспендирана.

juanita broaddrick twitter account

Твитер и предложи на Бродрик да ја избрише објавата за да го врати пристапот до нејзиниот профил.

„Ние разбираме дека во време на криза и нестабилност, тешко е да знаете што да направите за да се заштитите себеси и вашите најблиски. Согласно оваа политика, бараме отстранување на содржини кои можат да претставуваат ризик за здравјето на луѓето, вклучително и содржина што е во директна спротивност со упатствата од релевантните извори на глобални и локални информации за јавното здравје“, се вели во е-поштата.

Пораката, исто така, предупредува дека повторените прекршувања може да доведат до „трајно суспендирање“ на нејзината сметка, пишува Fox News.

Републиканската пратеничка Марџори Тејлор Грин го нападна Твитер во неделата вечерта, споделувајќи скриншот од суспендираната сметка на Хуанита.

„Твитер е глуп“, напиша републиканката од Џорџија во твит. „Најголемиот убиец на слободата на говорот. Не е ни чудо што малкумина креваат рака во градското собрание кога прашувам колку луѓе имаат профил на Твитер. Луѓето кои мислат дека оваа платформа е важна треба да се вратат во реалноста. Штета.”

Броддрик, силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, го обвини Клинтон дека ја силувал во хотелска соба во Арканзас во 1978 година, кога таа волонтирала за неговата кампања за гувернер во 1978 година.

Во 2020 година, Броддрик изјави за The Post дека верува дека поранешната прва дама и двапати неуспешен демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон ги прикрила обвинувањата за да ги заштити нејзините и политичките амбиции на нејзиниот сопруг.

Бил Клинтон негираше дека ја силувал Бродрик кога нејзините наводи првпат се појавија во јавноста во 1999 година.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!