русите го зазедоа чернобил

УДАРНА ВЕСТ: РУСИТЕ ГО ЗАЗЕДОА ЧЕРНОБИЛ (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)

Според последните информации, Чернобил паднал во рацете на Русите.

Нуклеарната централа Чернобил, во која во 1986 година експлодираше реакторот, што е најсериозниот нуклеарен инцидент во историјата, падна во рацете на Русите, потврди советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

Реакторот е покриен со заштитна обвивка за да се спречи зрачење.

„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна, по целосно бесмислен напад“, изјави тој, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека тоа е најсериозната закана за Европа денес.

Претходно денеска Антон Герашченко од украинското Министерство за внатрешни работи објави дека Русите го освоиле Чернобил, но дека руските војници од една бригада се предале.

Имено, Герашченко објави и видео од заробен војник чија бригада се предала.

Исто така, Алена Шевцова, советник на командантот на копнената армија на вооружените сили на Украина, објави дека Русите ја презеле нуклеарната централа во Чернобил и го заробиле персоналот.

Сепак, информациите се уште се прецизираат.

Чернобил се наоѓа на 130 километри северно од Киев, наведува АП.

„Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Тоа е објава на војна на цела Европа,“ рече Зеленски.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!