makedonski mediumi

УФ, ПО ОВА ЌЕ МЕ СТАВАТ НА ЦРНАТА ЛИСТА: ДОКАЗ КАКО МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ ЈА СПРОВЕДУВААТ ГЛОБАЛИСТИЧКАТА АГЕНДА!

Се чини дека во последните 2 години, “Агендата на стравот” буквално доминира на медиумскиот простор ширум планетата.

Македонија, за жал, не е исклучок.

На народот секој ден му се пласираат вестите дека е неодговорен, дека е глупав, дека болеста демне од секој агол (особено од најблиските), дека ќе нема место на гробиштата, дека луѓето паѓаат по улиците (ова веќе го заборавија), дека набрзо ќе умре и сл.

Така, утринава беше пласирана вест на еден од нашите медиуми дека постои: “Најголем раст на новозаболени од ковид-19 кај младите од 20 до 29 години”.

Вест како и секоја друга вест, сѐ додека не го видиме следново:

Во рамки на само неколку минути, речиси сите македонски интернет портали ја пренесоа, буквално, истата вест, со истиот наслов, со истиот текст. Како на копче.

Барем да се обидеа да го променат редоследот на зборовите…

Ќе ви прикажеме само неколку фото-докази, секако, можете и морате да истражувате и сами.

Оваа хистерија, оваа црна пропаганда апсолутно има свој добро познат корен и своја добро позната цел.

Светски познатиот психолог, со докторат на престижната Сорбона во Париз, д-р Мила Алечковиќ во интервју за хрватскиот портал Logicno, ќе каже:

“Во книгата на францускиот автор Филип Емар, “Вирусот К 19 под истрага” (Philippe Aimar: Le virus C 19 sous investigation…) посебно добро е објаснета состојбата со медиумите во светот. Во таа книга ќе пронајдете точни податоци за тоа како главниот човек задолжен за медиуми во СЗО патувал во Силиконската Долина во Калифорнија уште пред да започне психолошката операција ковид-19, за со целата ГАФТА (Гулг, Амазон, Фејсбук, Твитер итн.) да потпише финансиски договор во кој јасно стоело дека во сите земји во светот, на сите телевизии, од самиот почеток на операцијата, мора да се говори или пишува само за болест и смрт! Ова стои во договорот!”

“Никој, според тој договор, не смее да говори или пишува за тоа како некој се излечил, односно се подразбирал говор и пишување само за смртта.”

“Значи, целата “ГАФТА” се обврзала дека за пари ќе ја спроведува програмата на т.н. црна психијатрија и заплашување на луѓето. Сите медиуми во сите земји од светот добиле огромни пари за да го прават тоа, секако и на балканските простори. Со тоа е сѐ објаснето. Во книгата на Филип Емар можете и да го видите договорот!”

“Не треба да бидете наивни, многу уредници на медиумите ја знаат вистината за оваа операција на социјален инжинеринг, но не смејат јавно да ја кажат затоа што се обврзани од парите што ги примиле” – завршува д-р Алечковиќ.

Погледнете ги доказите и споделете ја оваа вест со останатите, како сите би дознале што всушност се случува со медиумите во Македонија и во светот и како и зошто се спроведуваа оваа црна кампања, без здивнување (освен во предизборната кампања), нецели 2 години.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom