eksplozija vo polska

УКРАИНА НА СЕКОЈ НАЧИН СЕ ОБИДУВА ДА ПРЕДИЗВИКА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, ТВРДАТ ДЕКА ИМААТ ДОКАЗИ ЗА „РУСКА ТРАГА“ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ПОЛСКА

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексеј Данилов денеска изјави дека Киев има докази за „руска трага“ во експлозијата во источна Полска, за која Варшава и НАТО велат дека најверојатно била предизвикана од украинска ракета за противвоздушна одбрана.

Данилов не соопшти детали во врска со тоа тврдење, објави Ројтерс.

Vesnik-broj-4-naslovna-1-Copy4

Данилов рече дека Украина сака заедно со своите партнери да го истражи инцидентот што се случи во Полска и да ги види информациите што се основа за заклучоците на нејзините сојузници.

Киев е целосно отворен за сеопфатна истрага на инцидентот, напиша Данилов на официјалната Фејсбук страница на Советот за национална безбедност.

Постапката ја водат полски и американски експерти, а доколку некому му се дозволи да учествува во таа постапка, ќе биде потребна барем согласност од двете страни – изјави полскиот претседател Анджеј Дуда на прес-конференција на прашањето за коментар за изјавата на Данилов.

Дуда претходно изјави дека постои голема веројатност проектилот да е истрелан од украинската противвоздушна одбрана.

Две лица загинаа во вторникот во експлозија во источна Полска, во близина на украинската граница, соопштија полските власти, не прецизирајќи за чија ракета се работи.

Дали Киев ќе ги презентира објективните докази што ги има за „руската трага“ или тоа ќе продолжи да биде само уште едно неосновано обвинување во серија, ќе видиме по подетална истрага.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!