vizi za ruski gragani

УКРАИНА ПОВТОРНО ГИ ПОВИКУВА ЕУ И ЗЕМЈИТЕ ОД Г7 ДА ПРЕСТАНАТ ДА ИЗДАВААТ ВИЗИ ЗА РУСКИТЕ ГРАЃАНИ

Украина денеска уште еднаш ја повика Европската унија и земјите од Г7 да престанат да издаваат визи за руските граѓани бидејќи, како што наведе, ја поддржуваат „инвазијата на Украина“.

„Огромното мнозинство Руси ја поддржуваат војната против Украина. Мора да им се одземе правото да ги преминуваат меѓународните граници додека не научат да ги почитуваат“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пренесе Ројтерс.

Оваа фашизоидна реторика не доаѓа за првпат од украинската администрација, затоа што претседателот Володимир Зеленски само неколку дена претходно повика на едногодишна забрана за патување и несомнено протерување на Русите кои живеат на Запад, за, како што рече, да живеат во свој свет додека не ја сменат својата филозофија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!