viktor orban protiv planot na eu

УНГАРИЈА ЗАГУБИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОРАДИ САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА, СЕГА СЕ ПРОТИВИ НА ПЛАНОТ НА ЕУ ЗА ДА И ПОМОГНЕ НА УКРАИНА

Поради санкциите кон Русија, Унгарија во 2022 година загуби 10 милијарди евра, изјави премиерот на таа земја Виктор Орбан.

Орбан рече дека погрешната политика на санкции на Брисел „предизвика нагло зголемување на цените на енергијата, што доведе до дефицит во унгарската економија од 10 милијарди евра годишно“.

Vesnik-broj-4-naslovna-1-Copy4

Виктор Орбан, исто така, ја нарече политиката на санкции на Европската унија чекор кон војна.

– Секој кој економски интервенира во воен конфликт зазема став – рече Орбан во изјава за унгарското радио, интензивирајќи ги критиките за стратегијата на Брисел, која ја смета за опасна.

Во јули, унгарскиот премиер изјави дека ЕУ „си пука во белите дробови“ поради нејзината одлука да воведе економски санкции кон Русија.

Тој изјави дека неговата земја е подготвена да му помогне на Киев врз основа на билатерални договори, но дека се противи на планот за помош на ЕУ. Како што рече, не сака интересите на Украина да бидат над унгарските.

„Унгарија не се согласува со фактот дека земјите-членки на ЕУ заеднички обезбедуваат заеми за помош на Украина“, рече тој, а пренесува унгарската агенција МТИ.

Унгарскиот премиер им предложи на членките на ЕУ „пропорционално и правично“ да ја поделат вкупната сума на пари што планираат да ја одвојат за Украина.

„Унгарија ќе издвојува средства во опсег од 60-70 милијарди форинти од националниот буџет секоја година како дел од билатералниот договор со Украина“, рече Орбан, додавајќи дека Будимпешта го поддржува Киев, но не сака да ги стави интересите на Украина над своите.

Да потсетиме дека Европската комисија претходно предложи план за економска помош на Украина во износ од 18 милијарди евра. Истиот ден, унгарскиот претставник на состанокот на амбасадорите на ЕУ објави дека не може да го поддржи пакетот.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!