stojan drcelic

УШТЕ ЕДНА НЕНАДЕЈНА СМРТ? ПОЧИНА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА НОВА, СТОЈАН ДРЧЕЛИЌ

Стојан Дрчелиќ, главен и одговорен уредник на весникот „Нова“ и поранешен уредник на „Курир“, почина денеска во Белград на 59-годишна возраст.

Дрчелиќ е дел од тимот на порталот Nova.rs од неговото основање во февруари 2020 година, каде првпат беше уредник на рубриката Хроника. Од основањето на весникот „Нова“ во јуни 2021 година, тој е негов главен уредник.

Претходно беше новинар и уредник во бројни белградски медиуми: „Блиц“ и „Курир“, неделниците НИН, Недељник, Франкфурт њуз…

Пред еден месец ненадејно почина и главниот уредник и основач на порталот Nova.rs, Веселин Симоновиќ.

За редакцијата се уште не се познати детали за здравствената состојба на починатиот, како и статусот за вaкцинација на починатиот.

Дрчелиќ важеше за еден од најискусните новинари со богата кариера како уредник.

Весникот „Нова“ како и порталот „Нова“ се сметаат за медиуми кои гласно се залагаа за вaкцинација за Кoвид 19.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!