фaучи призна

УШТЕ ЕДНА ВЕСТ КОЈА ЌЕ ВИ ГО РАЗУБАВИ ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА – И ФAУЧИ ПРИЗНА ДЕКА ДEЦATA НЕ СЕ XOCПИТАЛИЗИPAAT ПОРАДИ KOBИД 19!

Се чини дека вестите во новата 2022 не престануваат позитивно да не изненадуваат. Дали “агендата” полека ја губи силата или само се регрупира? Па, подготвени сме и за едното и за другото.

Имено, во изминатите месеци известувавме како голем процент од “хoспитализираните со кoвид 19”, се всушност примени во бoлницa поради други бoлeсти, а биле пoзитивни поради задолжителниот ПЦP тeст при приемот во здрaвствената установа.

Лажната приказна за огромниот број на пoзитивни случаи секој ден се турка речиси 2 години, но сѐ повеќе сме сведоци на еден “нов и сосема неочекуван наратив” од официјалните лица, односно пропагаторите на оваа т.н. кoрoнa-хистерија.

Така, во настап за MSNBC во четвртокот, водечкото лице за кoвид 19 во САД, Ентoни Фaучи, ја призна разликата помеѓу децата кои се хoспитализирани СО кoвид 19, а не ОД кoвид 19.

“Што мислиме со тоа, ако детето оди во болница автоматски се тестира на кoвид 19 и се смета како лице хocпитализирано поради кoвид 19, иако може да има скршена нога или воспаление на слепото црево или нешто слично. Така што, претерано е да се бројат децата кои се хoспитализирани со кoвид 19, а не поради кoвид 19!” – децидно изјави Фаучи.

Фаучи – чии коментари доаѓаат по рекордниот пораст на бројот на деца кои се хоспитализирани токму со кoвид 19 во САД, беше критикуван од републиканскиот сенатор од Тексас, Тед Круз, кој на Твитер напиша: “Што Фаучи вели за ова? Дали е ова затоа што се променува политиката за пандемијата за членот на администрацијата на Бајден?”

И секако, и покрај ова признание, Фаучи и понатаму им препорачува на родителите да ги вакцинираат своите деца, говорејќи на News Nations дека иако е вистина дека “бројките се многу мали, родителите мораат да го земат в предвид фактот дека ако се работи за твоето дете, тогаш тоа е навистина голем број.”

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!