marko srbija

ВЕДНАШ ДА СЕ ОБЈАВАТ ИМИЊАТА НА ДОКТОРИТЕ КОИ ЈА ПРЕДИЗВИКАЛЕ СМРТТА НА МЛАДИОТ ЧОВЕК! МУ ГИ ПРОБУШИЛЕ ЦРЕВАТА И БЕЛИТЕ ДРОБОВИ, А СЕГА ОДГОВОРНИТЕ СЕ КРИЈАТ

Граѓаните на Србија во изминатите неколку години се запознаа со корумпираноста на лекарската фела, која целосно ја изгуби довербата кај народот, но сепак тие се оние кои треба да одговараат. Дополнително, државата и медиумите ги штитат и медицинските работници кои според сите проценки треба да се третираат како убијци со необјавување на нивните имиња и се сомневаме дека ќе се соочат со некакви последици.

vesnikmonikabroj2-1

Марко Стојановиќ (30), млад човек кому докторите во Чуприја при колоноскопија му ги дупнале цревата, починал синоќа во Белград, потврди извор близок до семејството.

За животот на Марко пет дена се бореа други лекари, но компликациите од неговата состојба за жал беа фатални.

Тој падна во кома од која не се разбуди по прегледот во болницата Чуприја на 24 октомври.

Да потсетиме, триесетгодишниот Марко од Свилајнец, сопруг на Николина и татко на едногодишно дете, пет дена беше во кома, а докторите се бореа за неговиот живот по извршениот колоноскопски преглед во Општата болница во Чуприја, што било изведено така што младиот човек на крајот починал.

Неговата сопруга претходно за медиумите изјави дека Марко „заминал здрав и добро“ на преглед и дека, како што тврди, паднал во кома по грешка на докторот, кој при прегледот му го дупнал тенкото и дебелото црево, а подоцна, за време на итен трансфер на операција, му ги пробушиле и белите дробови во процесот на интубација.

Блиските бараат болницата во Чуприја и медиумите да ги објават имињата на одговорните медицински „експерти“ и тие да сносат одговорност за трагедијата што се случи.

Замислете, не дај Боже, да ви треба помош во истата болница и кај вас да дојдат лекарите кои го „лечеа“ Марко или кои ве „лечеа“ тука или во соседна Србија за време на корoнавирусот?

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!