ВЕЌЕ НЕ КРИЈАТ ЗА КОГО РАБОТАТ! ПРЕМИЕРКАТА НА НОВ ЗЕЛАНД СНИМЕНА КАКО ГО НАПУШТА BLACKROCK (ВИДЕО)

ВЕЌЕ НЕ КРИЈАТ ЗА КОГО РАБОТАТ! ПРЕМИЕРКАТА НА НОВ ЗЕЛАНД СНИМЕНА КАКО ГО НАПУШТА BLACKROCK (ВИДЕО)

За време на нејзината посета на САД, младата лидерка на Светскиот економски форум и премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, одвои време да го посети BlackRock во Њујорк.

Инаку, BlackRock е американска мултинационална корпорација за управување со инвестиции. Основана во 1988 година, првично како институционален менаџер за управување со ризици и фиксни приходи, BlackRock е најголемиот менаџер на средства во светот, со 10 трилиони американски долари под управување од јануари 2022 година. Блекрок работи на глобално ниво со 70 канцеларии во 30 земји и клиенти во над 100 земји на планетата.

Ова е само уште еден доказ со кој се поткрепуваат тврдењата дека лидерите на земјите директно одговараат пред инвестициските банки и дека не грешите кога го поставувате прашањето „кој владее со светот“ без да го имате името на личноста, туку името на некоја корпорација.

Поради својата моќ, големината и обемот на финансиските средства и активности, BlackRock е прогласен за најголема банка во сенка во светот. Во 2020 година, претставниците на САД, Кејти Портер и Хесус „Чуј“ Гарсија предложија закон на американскиот конгрес кој има за цел да ги ограничи BlackRock и другите таканаречени банки во сенка. На 4 март 2021 година, американската сенаторка Елизабет Ворен предложи BlackRock да биде означен како „премногу голем за да пропадне“.

BlackRock беше испрашуван затоа што, наводно, ги користел своите блиски врски со системот на Федералните резерви за време на обидот да се одговори на хистеријата наречена KOBИД-19. Во јуни 2020 година, The New Republic напиша дека БлекРок „имаше многу добра пандемија“ и „се прогласи себеси за општествено одговорен, притоа придонесувајќи за климатската катастрофа, избегнувајќи го регулаторниот надзор и обидувајќи се да влијае на администрацијата на Бајден.“

А, премиерката на Нов Зеланд која е позната по носењето на драконски карантински мерки во земјата со прилично мал број на заболени од ковид 19, како и укинување на речиси сите човекови права на невакцинираните, беше гостин токму во оваа корпорација… Случајно, зарем не?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!