(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ Б-52, ПОЗНАТИ ПО УБИВАЊЕТО НА МИЛИОНИ ЦИВИЛИ, ДЕНЕСКА ГО НАДЛЕТАА СКОПЈЕ

(ВИДЕО) АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ Б-52, ПОЗНАТИ ПО УБИВАЊЕТО НА МИЛИОНИ ЦИВИЛИ, ДЕНЕСКА ГО НАДЛЕТАА СКОПЈЕ

Американскиот стратегиски бомбардер B-52 (Летечка Тврдина), попладнево изврши прелет на небото над главниот град на Република Македонија.

„Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија,“ појаснија од македонското министерство за одбрана утрово.

Инаку Б-52 се американски стратешки бомбардери кои за првпат полетале пред точно 7 децении, во април 1952. Го носат прекарот летечки тврдини бидејќи се опремени со големо количество бомби и повеќе митралески позиции за одбрана од други авиони-ловци.

Ним за првпат им се припишува способноста за т.н. „патосирање“, односно потполно уништување на цивилната и воената инфраструктура на копното.

Токму овие авиони беа употребувани од страна на САД во речиси сите конфликти во кои беше вклучена американската армија, притоа убивајќи милиони цивили (меѓу кои и деца), на просторите на Виетнам, Ирак, Југославија, Авганистан итн.

Се прашуваме како прелетот на овие авиони-убијци може да биде добра и убава вест за било која држава како што истото го претставуваат другите македонски медиуми…

Погледнете како изгледаше сето тоа во продолжение:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!