(ВИДЕО) АЗОВ МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ НА ЗЕЛЕНСКИ! ЕКС АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧ: „ЗАПАДОТ ОБУЧУВАШЕ УКРАИНСКИ СИМПАТИЗЕРИ НА НЕОНАЦИЗАМ!“

(ВИДЕО) АЗОВ МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ НА ЗЕЛЕНСКИ! ЕКС АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧ: „ЗАПАДОТ ОБУЧУВАШЕ УКРАИНСКИ СИМПАТИЗЕРИ НА НЕОНАЦИЗАМ!“

Поранешниот разузнавач на Маринскиот корпус, Скот Ритер тврди дека американската војска обучувала симпатизери на неонацизам во Украина, и со тоа се придонело за за нивното ширење во државните агенции.

Ритер пред новинарот Џорџ Галовеј изјави дека американската, британската и канадската армија обучувале такви групи поврзани со баталјонот Азов во Украина, кои подоцна ја презеле власта во земјата.

Ритер употреби тешки обвинувања велејќи дека странски воени единици на САД и земјите од Европската унија ја посетиле Украина наводно со цел да формираат екстремистички групи, а потоа го собориле избраниот легитимен претседател на земјата, следејќи ја политиката на насилство и заплашување на населението.

Поранешниот офицер додаде дека влијанието на овие симпатизери на неонацизмот во Украина станале толку моќни што му се заканувале на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој според него наводно бил подготвен да го признае специјалниот статус на Донбас во 2015 година. Но како што рече заканите со убиство доколку го стори тоа, го предомислиле.

Ритер тврди дека слична судбина би го снашла актуелниот претседател Володимир Зеленски доколку тој не ги поддржал екстремистичките групи кои им се приклучиле на украинските сили и не им дал одврзани раце.

„Ако се сеќавате, Зеленски ги посети првите линии кај Донбас и го посети баталјонот Азов. Кога им рекол да се разоружаат, тие му се смееле во лице“, рече тој.

Според него тие и на Зеленски во тој момент му се заканиле со убиство доколку го потпише договорот од Минск.

Според Ритер Зеленски кога им рекол „Јас сум претседател на Украина“ им рекол тој, тие му возвратиле „Ќути да не те нашамариме“

„Тоа е контролата што ја имаат овие луѓе. Требаше да бидат распуштени, уапсени, убиени, но наместо тоа беа интегрирани во армијата и унапредени во највисоките воени чинови, па неонацистите ги има насекаде“ – објасни поранешниот американски разузнавач.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!