(ВИДЕО) ИЛЈАДНИЦИ ИЗЛЕГОА НА АНТИ-НАТО ПРОТЕСТ СРЕД МАДРИД!

(ВИДЕО) ИЛЈАДНИЦИ ИЗЛЕГОА НА АНТИ-НАТО ПРОТЕСТ СРЕД МАДРИД!

Носејќи знамиња со срп и чекан на поранешниот Советски Сојуз, илјадници луѓе протестираа во Мадрид во неделата против самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во главниот град на Шпанија, јавува Гласот на Америка.

Во услови на засилени безбедносни мерки, лидерите на земјите-членки ќе се сретнат во Мадрид на 29-30 јуни, бидејќи организацијата се соочува со невиден предизвик од руската инвазија на Украина.

Демонстрантите порачаа дека зголемувањето на финансиите за војската, што НАТО го бара од европските партнери, го гледаат како закана за мирот.

– Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не за НАТО и за воените бази. Американците нека си заминат и да не остават на мир, без војни и оружје, изјави демонстрантката Конча Хојој.

Друг, 29 годишен демонстрант вели дека НАТО не е решение за крај на војната во Украина.

– Според организаторите на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.

Погледнете како изгледаше овој грандиозен собир сред шпанската престолнина на следното видео:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!