австрија кучиња

ВИЕНА “ГОРИ”! НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ЗЕМЈАТА КОЈА ПРВА ВОВЕДЕ ПРИСИЛНА BAKЦИHAЦИJA ЗА СИТЕ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ЗАСИЛЕНИ СО КУЧИЊА! (ВИДЕО)

Ако некоја земја е вистински погодена од фашизоидните мерки на својата власт, тоа секако е Австрија, првата држава во светот која воведе задолжителна, т.е. присилна вакцинација за сите свои граѓани од февруари 2022 година. Се чини дека тој пример ќе го следи и Германија.

Сепак, брзо по објавувањето на оваа мерка, австрискиот канцелар, Александар Шаленберг, соопшти дека заминува од функцијата по изборот на нов лидер на неговата партија, а се чини дека главната причина е немањето капацитет да се справи со растечкото незадоволство на австрискиот народ, народ кој веќе еднаш во триесеттите години од минатиот век, веќе беше под управа на лидер со слична фашистичка идеологија.

Инаку, во центарот на Виена вчера се одржаа бројни протести на противниците на рестриктивните мерки и задолжителната вакцинација, поради што многу улици беа затворени за сообраќај.

Според проценките на полицијата, повеќе од 10.000 демонстранти учествуваат во демонстрациите, шетајќи по централната Ринг улица (тоа секако значи дека имало барем десет пати повеќе).

Полицијата посочува дека имало неколку апсења поради давање отпор на извршната власт.

Атмосферата на протестите е многу тензична и постојано има препукувања со полицијата.

Попладневниот протест започна со собир на левичари кои демонстрираа против давање можност на неонацистите да го релативизираат холокаустот и да ги шират нивните идеи преку учество во протести против короната.

И на тој собир имаше туркање со полицијата и фрлање со предмети кон обезбедувањето, кое се обиде да ги пренасочи учесниците за да не стапат во контакт со другите поворки.

Полицијата била принудена да користи солзавец.

Исто така, дел од учесниците во демонстрациите против корона меркита фрлаа разни предмети кон полицијата, која воспостави контрола врз ситуацијата со употреба на полициски кучиња и кордони.
Според МВР, на улиците на Виена има 1.200 полицајци од различни делови на Австрија.

Мета на демонстрантите се и новинарите кои шират лажни вести и се главни пропагатори на пропагандата, па поради тоа, неколку екипи на австриските телевизии, покрај сниматели, тонски инженери и новинари, на улиците испратија обезбедување, кое се грижи за екипата при известувањето.

Според соопштението на полицијата, за денеска беа најавени вкупно 27 протести, кои целосно го блокираа сообраќајот во градот.

Како и пред две недели, Партијата на слободата на Австрија (ФПО), третата политичка сила во земјава, која веќе подолго време води политика против епидемиолошки мерки и вакцинација, повика на масовен протест.

Зошто не е никакво чудо што Австрија и Германија се првите држави на планетава со воведување на целосни фашизодини мерки за своето население…

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!