ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, КАКОВ СТЕ ВИЕ СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА?!?

ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, КАКОВ СТЕ ВИЕ СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА?!?

ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ ИЛИ ДОКАЖУВАЊЕ НА НЕКАКВА СИ ФИКТИВНА “СИЛА” НА ПАРТИИТЕ?!

Најпрво да нагласиме, Коловрт политички не е определен (за среќа), односно е определен само за вистината и реалната слика на нашето општество.

Вчера во 18 часот опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ одржа антивладин протест во Скопје пред Владата на Република Македонија. На опозицискиот протест одржан под слоганот „Протест за промени” или ”ДОСТА Е”, присуствуваа илјадници граѓани од Скопје и другите градови од земјата.

Како една од причините беа и зголемените цени на горивата и сите потребни намирници за нормален живот. Овој протест најмногу личеше на партиски протест во кој се докажуваа силите на најголемите македонски партии.

  • Едните објавуваат дека биле 100 000, другите дека биле 2000, па објавуваат различни слики од различен агол, се прават будали самите со себе и уште многу други бесмислени работи.

За бројката нема да коментираме, а и на протест каде што се изразува незадоволство на народот не воопшто и не е битна само бројката – битно е дека има нешто што не функционира, а тие кои се на власт треба да превземат мерки за тоа да се реши.

Изместени ли се малку овие работи кај нас?!

Во нашата држава бројките им се битни само на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и некои слични партии како нив… За да покажат кој е понесбособен во лагите кон обичниот и напатен народ.

Иако вакви протести всушност се нужни и апсолутно треба да се почести и почести и воглавно да се со цел за подобар живот на народот, дури најдобро и без назначена водечка/организаторска партија, зарем треба некој да ви каже дека државата не ни ја бива за да илезете на протест? Или само ќе си ги кажувате маките со најблиските и ќе седите пред вашите мобилни за да коментирате за се и сешто и да се правите “паметни”, а кога треба нешто да дејствувате ве нема никаде.

Впрочем, токму како што ве немаше никаде (со чест на исклучоците, секако) на сите минатогодишни собири против задолжителната вакцинација, како и против фашизоидните мерки кои ги спроведуваше СДСМ, нешто што, да потсетиме, воопшто не и пречеше на агендата на ДПМНЕ… А си тие мерки бевте погодени вие речиси 70%, односно над 1 МИЛИОН луѓе во Македонија.

Вашиот ум е до толку „загаден“ од овие квази-бранители на вашите, односно македонските интереси, овие толку пати докажани џелати за обичниот народ, што вие просто неможете да си поимите дека можно е да постои нешто поинакво, нешто независно, нешто „од срце“… Па како инаку би се сетиле да ми пишете дека работам „за спонзори“ или „кои олигарси ме финансираат“… Замислете…

Ќе си дозволам да се запрашам, КАКВИ ЛУЃЕ СТЕ ВСУШНОСТ ВИЕ?!

Дека е доста од манипулации, лаги и богатење на едни истни партии кои само се вртат во круг, на сите ни е и повеќе од јасно… Па да, сериозно ,ДОСТА Е. За жал во оваа наша држава протестите се случуваат само кога ќе ти ”наредат” од партија за да добиеш подобра функција во опшеството (или барем функција која се надеваш дека ќе ја добиеш), или да не ти биде одземена сегашната “висока позиција” која паразитски ја уживаш.

Едните излегле со мото од типот ДОСТА Е од корупции и измами, а другите седат дома и чекаат што помалку луѓе да излезат на тој протест, за да пишуваат колку била организаторската партија неспособна и така секогаш истото во круг до бескрај. Магичен круг за маѓепсани “навивачи”…

Епа народе, кога дозволувате да ве манипулираат едни исти личности со години наназад, тоа едноставно значи дека не е до нив – до вас е! Едно па исто ви се случува со децении наназад, а вие како муви без глави трчате де во едната, де во другата партија, де во едниот, де во другиот спроведувач на едната иста агенда, едната иста врхушка, едниот исти ракопис од Новиот Светски Поредок

Па, не ли ви е навистина ДОСТА?!

Излегувајте на протести! Излегувајте многу почесто и многу помасовно, ама излегувајте за секое ваше добро, за се она што ви пречи, за се она што вреди, но и за се она што веќе не се поднесува. Не чекајте да ве повикаат од “вашата партија, не чекајте нити нешто да ви понудат или да ви се заканат, навистина, ДОСТА Е…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!