франција медицински работници

ВО ФРАНЦИЈА МЕДИЦИНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СИ ДАВААТ ОТКАЗ, НО ЈА ОДБИВААТ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА BAKЦИНАЦИЈA: БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ НАМАЛЕНИ ЗА 20%

Дури 1300 француски здравствени работници (само медицински сестри) самите си дале отказ во изминатиов месец, според податоците на министерот за здравство.

Во меѓувреме, извештаите велат дека болничките капацитети ширум Франција се намалени за околу 20%, поради недостаток на работна сила.

Интересно, според владата, причините за тоа сеуште се непознати.

Зборувајќи пред новинарите во четвртокот, министерот за здравство Оливиер Веран рече дека неговиот кабинет се обидува да го разбере зголемувањето на отказите кои ќе придонесат многу болници да имаат голем недостаток на работна сила во есенско-зимскиот период, што често е проследен со еден сеознски наплив на пациенти.

“Помеѓу медицинските сестри имаме 1300 откази,” рече Веран, додавајќи дека ниту другите европски нации не биле исклучок од овој проблем. Тој смета дека голем дел од медицинските сестри се впуштиле во таа професија во екот на пандемијата, и вели дека премореноста може да биде фактор во нивното заминување.

Овие коментари следеа по извештаите во француските медиуми дека болниците едвај врзуваат крај со крај, поради недостатокот на работници. Во болницата Bichat–Claude Bernard во Париз, во моментов работат само 6 од потребните 24 медицински сестри, што значи дека се достапни само 4 од вкупниот број на 28 болнички легла.

Според францускиот Научен Совет, еден од пет кревети во француските болници, во моментов се недостапни поради недостаток на медицински сестри.

Веран, од друга страна, не се согласува со бројката од 20% намалени болнички капацитети и инсистира дека таа изнесува близу 5%. Тој, исто така побара истражување за причините за отказите.

Чудно е како ниту еден од овие извештаи, но и мислења на владејачките авторитети, не го зема в предвид фактот дека отказите на здравствените работници можеби се резултат на задолжителната вакцинација која во Франција стапи во сила на 15 септември. Се чини дека некој намерно сака тој податок да не биде споменат на ниедно место.

Само во септември, Франција суспендираше дури 3.000 здравствени работници кои одбија да ја примат вакцината за ковид-19, во рамките на новата законска регулатива која ја направи истата задолжителна за сите нив.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom