lazni kovid pasosi

ВО СРБИЈА УАПСЕНИ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ЗА ПРАВЕЊЕ ЛАЖНИ KOBИД ВИЗИ

Припадници на МВР, Одделението за антикорупција во соработка со Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство Ниш, приведоа три лица поради сомнение дека сториле кривично дело тргување со влијание и едно поради сомнение на злоупотреба на службената положба.

Кривична пријава во редовна постапка ќе биде поднесена против шеесет и четиригодишна докторка поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба на службената положба и против дваесет и петгодишен маж поради поради сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа.

Љ. Н.(27) и С.К.(40) вработени во Градскиот институт за белодробни заболувања и туберкулоза Белград, М.Р.Р.(23), како и Ј.Р.(62) медицинска сестра во Здравствениот дом Стари град во Белград.

Како што се сомнева, Љ. Н., преку С.К., влијаел на Ј.Р. да ја внесе во службената евиденција на Здравствениот дом Стари град, со податокот дека еден маж е имунизиран со вакцината против „ковид-19“, иако не бил, за што Љ. Н.од сопругата на тој човек М.Р.Р. добил 24.000 динари.

Исто така, Љ. Н. влијаел и на 64-годишен лекар од Градскиот институт за белодробни заболувања и туберкулоза во Белград да издаде документ за преглед на 25-годишен маж, иако не бил прегледан, за да добие Уверение на привремена спреченост за работа и со тоа да го оправдаат недоаѓањето на работа.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!