rusko ukrainski pregovori

ВО ТУРЦИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НОВА РУНДА РУСКО-УКРАИНСКИ ПРЕГОВОРИ

Делегациите на Русија и на Украина ќе одржат нова рунда разговори во живо во Турција од денеска до среда, најави еден од украинските преговарачи, Давид Арахамија. Рускиот главен преговарач Владимир Медински, исто така, најави одржување нова рунда преговори, но најави дека тоа ќе биде утре и в среда, без да го прецизира местото.

– На преговорите преку видеоконференциска врска е одлучено следната рунда да се одржи во Турција од 28 до 30 март, објави Арахамија на Фејсбук.

На 10 март во Анталија, Турција, на ниво на министри за надворешни работи, на предлог на Анкара, веќе се одржа еден круг руско-украински разговори во живо, но не донесе конкретен напредок.

Оттогаш, преговорите се водат преку видео-конференциска врска и двете страни ги опишаа како „тешки“.

– Процесот на преговори е многу тежок. Украинската делегација зазеде цврст став и не се откажува од своите барања. Пред сè, ние инсистираме на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина, изјави во петокот украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој негираше дека е постигнат „консензус“ со Москва, спротивно на изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека делегациите на двете земји одговориле на четири од шест точки.

Главниот преговарач на Москва истакна дека преговорите се во застој поради клучните точки.

– Позициите се приближуваат во споредните точки. Но, ние сме во застој околу главните политички прашања, додаде Медински.

Тој изјави дека Москва инсистира на потпишување „сеопфатен договор“ кој ќе ги земе предвид барањата за неутралност, демилитаризација и „денацификација“ на Украина, како и признавање на рускиот суверенитет над Крим и независност на двете проруски сепаратистички области Доњецк и Луганск./MИА/.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!