protesti

ВОЈНИЦИ, СПЕЦИЈАЛЦИ, ПОЛИЦАЈЦИ – ВАКА ЛИ СЕ КОЛНЕВТЕ?

Професионални војници, тигри, волци, лавови и сите слични на нив… Вака ли се колневте?

”СЕ КОЛНАМ ДЕКА ЌЕ ГИ БРАНАМ СЛОБОДАТА, СУВЕРЕНОСТА,

САМОСТОЈНОСТА И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ДИСЦИПЛИНИРАНО, СОВЕСНО И ОДГОВОРНО ЌЕ ГИ ИЗВРШУВАМ ОБВРСКИТЕ И

ДОЛЖНОСТИТЕ КАКО БРАНИТЕЛ НА МОЈАТА ТАТКОВИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

И ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА НЕЈЗИНАТА СЛОБОДА И ЧЕСТ.”

Вака ли се колневте кога чекавте да ве вработат? Или ја заборавивте заклетвава?

Сега кога сево ова и се случува на нашава Македонија, баш ме интересира каде сте вие и што правите?! Нели ќе ги браневте слободата, сувереноста и самостојноста? Нели ќе се боревте за нејзината слобода и чест? Па во моментов ова што се случува не е ниту слобода, ниту самостојност, а најмалку чест. Нели сега кога гледате што се случува вие требаше да бидите први што ќе се спротивставите на ваквата ситуација и ќе застаневте заедно со македонскиот народ да си ја одбраните вашата и честа на вашата Македонија…
…Или вие се колнете на било што ќе ви напишат и наредат за да земете некој денар? Зедовте ли плата на 1-ви? Бевте ли на одмор во Бугарија, Грција? Сигурно бевте, па, како си поминавте? Имате ли малку грижа на совест? Ги видовте ли вашите колеги како се однесуваат со вашите браќа и сестри кои наместо вас, излегле да си ја бранат својата држава од понижувањата?

Убаво ве воспитале, вие слушате наредба, па воопшто не размислувате, само ставате узди и како коњите гледате само право… Тоа е ваша работа… Како што им беше работа на чуварите во Аушвиц да слушаат наредби и да пуштаат плис во гасните комори… Треба да се срамите од ова, веројатно сте подготвени утре и вашите деца да си ги продадете за грст сребреници…

Убаво реагиравте кога ви продефилираа лица во паравоени униформи низ Тетово и Гостивар, или пак, да, вие, специјалните единици, тогаш бевте зафатени со апсењето на малолетници низ градовите за поседување на тронка марихуана што не вреди ни 200 денари… А денес сте зафатени со „млатење“ на македонскиот народ кој излегол за одбрана на последниот бедем на својата држава…

Ве има и од тие ”МАЖИТЕ” кои седите дома и коментирате по социјалните мрежи, како треба и што треба.. СРАМОТА!

Да ве потсетам уште еднаш..

”СЕ КОЛНАМ ДЕКА ЌЕ ГИ БРАНАМ СЛОБОДАТА, СУВЕРЕНОСТА,

САМОСТОЈНОСТА И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ДИСЦИПЛИНИРАНО, СОВЕСНО И ОДГОВОРНО ЌЕ ГИ ИЗВРШУВАМ ОБВРСКИТЕ И

ДОЛЖНОСТИТЕ КАКО БРАНИТЕЛ НА МОЈАТА ТАТКОВИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

И ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА НЕЈЗИНАТА СЛОБОДА И ЧЕСТ.”

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!