austrija protest

БУРЕ СО БАРУТ КОЕ САМО ШТО НЕ ЕКСПЛОДИРАЛО: ВОЈСКАТА НА АВСТРИЈА ГО ПОВИКУВА НАРОДОТ НА KOPОHА ДЕМОНСТРАЦИИ!!!

Додека полицијата во Виена се подготвува за одржување на ред и мир на протестите за Корона мерките закажани во сабота, делови од војската во Австрија повикуваат на учество и на овој и на некои следни собири.

Двајца офицери во отворено писмо ги повикале припадниците на војската да се приклучат на протестите против ограничување на слободата и вакцинацијата. Тие, во своето писмо, ги споредиле превземените епидемиолошки мерки со силување. Исто така навеле дека граѓаните, после 75 години, повторно се стигматизираат и затвораат.

Портпаролот на војската Михаел Бауер истакнал дека случајот веќе се наоѓа на обработка кај дисциплинската комисија на армијата. И војниот слободен синдикат на Аустрија (FPGO) ја повикува војската на борба за ”слобода и човечко достоинство”, на протести во сабота.

Синдикатот на јавната служба (GoeD) при војската укажува дека FGO не е репрезентативен синдикат, туку друштво кое користи агресивен јазик и кое не ги брани правата на вработените.

Инаку, за сабота има закажано повеќе протести на: антиваксери и десничари против корона мерките.

Така Слободарската партија на Австрија (FPO) го пријавила својот собир, антиваксерите Мартин Рутер и Ханес Брејха својот, а десничарската активистка Џенифер Клауингер веќе неколку дена кампуваа во Штатпаркот.

На три места ќе се соберат антиваксерите, кои ќе се, како што смета полицијата, на крајот сигурно соединат на една локација. Екстремно десничарското движење на Идентитаристи најавило учество на протестите. Полицијата очекува помеѓу 4000 и 10000 учесници на протестот, за кои, според моменталната епидемиолошка уредба, не важи карантинот за невакцинираните.

Првите информации кои ги добиваме вечерва говорат за масовни протести во Виена и судири со полицијата.

Ќе известиме за овие собири подетално во текот на утрешниот ден.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom