(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО АВТОМОБИЛОТ Е УБИЕНА ЌЕРКАТА НА АЛЕКСАНДАР ДУГИН - ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПУТИН

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО АВТОМОБИЛОТ Е УБИЕНА ЌЕРКАТА НА АЛЕКСАНДАР ДУГИН – ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПУТИН

Според првичните информации, се чини дека најверојатна мета на нападот бил токму Александар Дугин кој во последен момент решил да оди со друго возило, а не со неговата ќерка.

Силна експлозија во саботата навечер разнесе џип Ленд Крузер во близина на Москва.

Според прелиминарните извештаи, автомобилот и припаѓал на Дарија Дугина, ќерката на рускиот филозоф Александар Дугин, која понекогаш на Запад го опишуваат како еден од „главните идеолошки мозоци“ на Кремљ.

Инцидентот се случил на автопатот на околу 20 километри источно од Москва околу 21:45 часот по локално време, а очевидци тврдат дека експлозијата го потресла возилото точно на средината на патот, расфрлајќи делови од него насекаде наоколу.

На интернет кружат видеа за кои се тврди дека самиот Александар Дугин ја држи главата додека го гледа запаленото возило. Дугин е близок соработник и пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за убиството на Дарија Дугина:

„Ако се потврди украинската трага“, а оваа верзија ја претстави шефот на ДНР, Денис Пушилин, а тоа мора да го проверат надлежните органи, „тогаш треба да зборуваме за политиката на државниот тероризам што ја спроведува Киевскиот режим.”

Дарија и нејзиниот татко неколку часа пред трагедијата

Дали украинскиот режим во целосна немоќ започна и со терористички активности?! Каква ќе биде реакцијата на Москва и руските служби за безбедност и разузнавање?!

А во продолжение прочитајте ја анализата на Александар Дугин за „крајот на историјата“, анализа која, по некоја случајност, ја објавивме на Коловрт пред само 2 дена…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!