„ВРАЌАЊЕТО“ НА KOBИД НЕ Е НИШТО ЗА СТРАВУВАЊЕ

„ВРАЌАЊЕТО“ НА KOBИД НЕ Е НИШТО ЗА СТРАВУВАЊЕ

Најлошото нешто што можеме да го направиме во моментов е да наметнеме нови ограничувања.

Автор на текстот е Професор Дејвид Ливермор, професор по медицинска микробиологија на Медицинскиот факултет Норвич на Универзитетот во Источна Англија. Дејвид преку 14 години бил на чело на Националната лабораторија за отпорност на антибиотици при Институтот за Јавно Здравје во Англија и има работено во Медицинскиот колеџ во Лондонската болница. Професор Ливермор, исто така, е член на Советодавниот комитет за антимикробна отпорност и здравствена заштита при Владата на Велика Британија. Уредувал неколку стручни медицински списанија, и, во моментов, е уредник на International Journal of Antimicrobial Agents.

Бројките на Кoвид се повторно во пораст. Во Велика Британија, тешко е да се дојде до точните бројки бидејќи владата – со право – го растури системот на „Тестирање и трагање“ на контактите на заразените. Сепак, моделирањето од Заводот за Национална Статистика (ONS) сугерира дека околу 2,7 милиони од Британците сега се заразени – еден од 25 во Англија и еден од 17 во Шкотска. Овие стапки се повеќе од двојно поголеми од оние во средината на мај. И Британците не се сами. Франција дневно бележи околу 119.000 случаи, во споредба со 20.000 на почетокот на јуни. Ова „оживување“ на *бројките* го одразува ширењето на Омикрон подваријантите BA.4 и BA.5, кои сега доминираат ширум светот. Овие подваријанти се попреносливи и поуспешно го избегнуваат вaкционалниот имунитет од нивниот претходник, иако не се повеќе смртоносни.

Неизбежно, голем дел од медиумите сега повикуваат на обновени интервенции – главно маски. Овие интервенции ќе имаат последици. Одморите може да бидат прекинати со маски, барања за тестирање или вaкцинација, со неминовните економски последици од тоа – Кипар, на пример, штотуку го врати барањето за носење маски во затворен простор. А есенската бустер кампања е веќе неминовна. Сето тоа предизвикува две прашања: Прво, зошто напорот да се потисне СAPС-КоВ-2 не успеа? И, второ, дали се оправдани нови ограничувања?

Одговорот на првото прашање лежи во заблудата што се појави во 2020 година. Оние на позиции на моќ веруваа дека можат да запрат респираторна пaндемија преку општествени интервенции. Ова се коси со претходното научно искуство и уверувања. На историските респираторни пандемии – вклучувајќи го „рускиот грип“ од 1889-94 година, „шпанскиот грип“ од 1918-1919 година и избувнувањето на грип од 1957-58 и 1968-69 година – им беше дозволено да го истераат својот природен тек. Планирањето пред Кoвид од Институтот за Јавно Здравство на Англија (2011) и Светската здравствена организација (2019) предвидуваше дека и следниот пат ќе треба да пристапиме кон пандемиите со слично стоички приод. Тие препорачуваа да се дозволи животот да продолжи што е можно понормално, со минимална паника. Ниту една агенција не се залагаше за заклучување или забрани за патување, и двете реномирани организации беа скептични за ефикасноста на маските за незаразените.

Сепак, во март 2020 година, сето ова планирање и искуство беа отфрлени. Доволно беше што Кина тврдеше дека заклучувањата функционираат и дека Нил Фергусон, тогаш советник на владата на Велика Британија, пресметал дека не-фармацевтските интервенции (НФИ) може да ги намалат смртните случаи од 500.000 на 20.000. Без НФИ, наведе владата, јавниот здравствен систем на Британија би бил преоптоварен. И, така, од март 2020 година па наваму, владата наметна цела низа НФИ, од заклучување и маски, до тестирање и следење и казни за непочитување на овие *мерки* и *протоколи*. Очекувањата беа дека НФИ треба да го намалат преносот со намалување на човечките контакти. И секој неуспех да се прекине преносот треба да се толкува како неуспех на почитување на овие мерки од страна на јавноста. Оттука, властите беа овластени да ги спроведуваат правилата, додека критичарите на пристапот на владата беа јавно оцрнувани, демонизирани па дури и цензурирани.

Последиците од овој пристап, настрана од вирусот кој повторно се појавува, беа сериозни и разорувачки. Половина трилион (500 милијарди) фунти беа магично создадени / испечатени преку процесот на „квантитативно олеснување“, а потоа разнесени од ветрот, зголемувајќи ја инфлацијата долго пред Путин да ја нападне Украина. Системот на „Тестирање и трагање“ контакти на заразените проголта 30 милијарди фунти, без никаква корист, како што заклучи и Анктентата Комисија на Парламентот. Неупотребливата лична заштитна опрема чинеше 8,7 милијарди фунти. И измамите со социјалната помош изнесува дополнителни 10,1 милијарди фунти.

Но, општествената штета од заклучувањата и другите НФИ е веројатно уште поголема. Децата од предучилишна возраст се оставени несоцијализирани и неприлагодени на други вообичаени вируcи. На постарите деца им е нарушено и деградирано образованието. И многу возрасни ги изгубија своите работни навики.

Делумно, овој пристап кон Кoвид го одразува недоволното разбирање на вирологијата како наука. Моделите на владините советници не сметаа дека вирусот се менува/мутира за да стане попренослив или да избегнува вaкцини, ниту пак предвидоаа дека НФИ може да ја потикнуваат оваа еволуција. Потоа, тие погрешно претпоставуваа дека вaкцините, штом ќе дојдат, ќе дадат трајна заштита, заборавајќи на краткотрајноста на природниот имунитет на класичните корoнавируси од обична настинка – нешто одамна познато на медицинската наука. И на крај, Кoвид беше гледан премногу изолирано, а не како само едно парче во комплксната слика за јавното здравје, што доведе до занемарување на здравствените проблеми кои не се поврзани со Кoвид.

Резултатите беа навистина мрачни и поразителни. Вишокот на смртни случаи без присуство на Кoвид во Англија и Велс сега надминува 1.500 неделно (околу 15% повисоки од очекуваното), честопати се случуваат дома. И 117.000 граѓани веќе починале на неколку милиони долги листи на чекање на термин за операции и рутинска нега, што е еквивалентно на две третини од 180.000 смртни случаи на Кoвид.

Следствено, нема никаква корист од враќањето на маските. Три типа на докази ми кажуваат дека маските практично не нудат заштита. Прво, 12 испитувања пред Кoвид не покажаа убедлива заштита од респираторни вируси, иако споредбите се помешани со различни типови маски. Второ, испитувањето DANMASK, спроведено за време на пaндемијата, не покажа статистички значајна корист од носењето маски. И трето, воведувањето национални мандати за маски никаде не го смени растечкиот тренд на Кoвид. Вирусот се пренесува преку аеросоли и аеросолите „протекуваат“ околу страните на хируршката маска, а исто така може да поминат низ маската, бидејќи се помали од порите на маската. Според лабораториските тестови, маските N95 треба да бидат позаштитни. Но, тие се непријатни и, онаму каде што беа задолжителни – на пример, во Баварија – не беа поуспешни во враќањето на зголемениот бран на инфекции со Кoвид од другите типови маски.

А што е со програмите за постојана вaкцинација? Дали и кога да ги имате треба да биде лична одлука, врз основа на возраста, факторите на ризик и преференциите. Моето мислење е дека 70-годишник не е мудро да не се вaкцинира и да не се засили со 3та и 4та доза, но дека нема добра причина да се вaкцинира здраво момче од пет до 15 години. Некаде помеѓу крајностите на младите и старите, постои пресвртница.

Сепак, вaкцинацијата е за лична заштита од тешка инфекција, а не за заштита на другите. Сегашните вaкцини не се доволно ефикасни против инфекција и пренос за да бидат основа за присилна вaкцинација, без оглед на етиката на мандатите општо. Ефикасноста против Омикрон паѓа на 15 проценти во рок од три месеци по засилувањето. Не дека ова ги спречи нациите да воведат мерки со мандат за вaкцини. Холандија бара посетителите да се вaкцинираат или да се бустаат во рок од 270 дена пред нивната посета, а САД инсистираат на тоа посетителите да имаат примено 2 дози, иако не е важно колку одамна. Ниту едно ограничување нема логика, и двете треба да се укинат.

Нашите предци, погодени од рускиот грип (или коронавирус) од 1889-94 година, беа понеуки од нас. Немаа вaкцини или антивирусни средства – вирусите не беа изолирани уште 40 години подоцна. Некои погрешно ја припишаа пaндемијата на рускиот грип на бактеријата Haemophilus influenzae, а други ја обвинија миазмата, а не заразата. Сепак, на некој начин, тие беа помудри, сфаќајќи дека пaндемијата во голема мера е надвор од нивна контрола и дека мора да се издржи. Тие, исто така, имаа корист од владите кои не можеа да се обидат со ништо толку финансиски или општествено деструктивно како експериментот во изминатите две години. Ако научивме нешто за време на пaндемијата, тоа е дека заклучувањата и многу други интервенции беа ужасна грешка.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!