aleksandar vucic

ВУЧИЌ: КУРТИ РЕШИ ДА ГИ НАПАДНЕ СРБИТЕ

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека го прекршил Бриселскиот договор со смена на судијката Билјана Стевановиќ и со подготовката за смена на српските команданти и полицајци и оти „сака да го прекрши мирот“.

„Курти реши да ја нападне Србија, Курти го прекрши бриселскиот договор и според неговата волја и волјата на оние кои го штитат, бриселскиот договор повеќе не постои“, изјави Вучиќ во видео на Инстаграм.

„По налог на Албин Курти, српската судијка Билјана Стевановиќ е отстранета од косовските институции“, изјави тој. Тој додаде дека „разрешувањето на сите српски команданти и полицајци кои биле на седницата на Советот за национална безбедност во Белград било подготвено за денеска. „Тој е тој што сака да го нападне српскиот народ со сите овие одлуки каде и да живее, и на југ и на север на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.

Каква ќе биде реакцијата на српските власти на оваа нова провокација?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!