лесковац болница

СИТЕ BAKЦИНИРAНИ ПО ТРЕТ ПАТ! ЗА ДЕСЕТ ДЕНА ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ОД ЛЕСКОВАЦ ЗАВИЕНО ВО ЦРНО: НАЈПРВИН ПОЧИНАЛА МАЈКАТА, ПОТОА ЌЕРКАТА, А НА КРАЈОТ И ТАТКОТО!

Се претпоставува дека тројцата починале од корона вирусот и тоа е потврдено кај ќерката и таткото, додека мајката починала прва како последица од срцев удар, па не била дополнително тестирана. Сите биле вакцинирани по трет пат!

Семејството кое денес го погреба и 76-годишниот татко, познат и угледен лесковачки занаетчија е видно скршено од болка и во шок. Исто како и соседите.

“Не можам да верувам дека сите ги видов пред само две недели, среќни, насмеани, собрани во дворот на семеен ручек, си играа со внуците. А тогаш почна пеколот”, раскажува низ солзи сосетката од нивната улица.

Поради првични симптоми и сомнеж дека имаат корона, иако веќе биле по три пати вакцинирани, сите се тестирале, а резултатите најпрвин покажале дека позитивна е само 57-годишната ќерка. Со придружните болести, таа починала во нишката болница на 23 октомври.

“Срцето на мајката (75) престана на чука една недела порано. Нејзиниот сопруг тогаш веќе имаше обострано воспаление на белите дробови, но сеуште не беше во болница, затоа што докторот го пушти дома. Кога состојбата му се влоши, отидовме приватно да се прегледа и тогаш му е дијагностициран ковид. Тогаш е примен во болница и беше на болничко лекување. Сопругата му почина од грижа и стрес за ќерката и мажот. Тој почина не знаејќи ни дека ќерка му е веќе мртва”, ќе изјави за српскиот портал Решетка, неговиот внук.

Низ градот деновиве се шпекулира што навистина се случило со ова семејство: дали по нив кобен бил вирусот, или пак, вакцините, во зависност на тоа кој каков став има по прашањето на епидемијата на ковид-19.

Едно е сигурно, вели директорот на општата болница во Лесковац Небојша Димитријевиќ, после почетокот на епидемијата од корона вирусот, се покачува бројот на пациенти со срцеви удари, шлогови и мозочни удари…

“Јас не сум епидемиолог и не можам да ја коментирам оваа ситуација, но сигурно знам дека се прават сериозни студии за влијанието на вирусот, но и на вакцината, врз човековиот организам. Во тие испитувања активно учествуваат и наши специјалисти. Извештаите и нашите запазувања секојдевно ги праќаме на републичкиот тим кој е за тоа задолжен”, вели Димитријевиќ.

Вчера во лесковачката болница починаа двајца постари пациенти од Лебане, двајцата вакцинирани со кинеската Синофарм вакцина.

На болничко лекување во Лесковац моментално има 207 пациенти, од кои на кислородна поддршка се дури 194.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom