ЖАН МИТРЕВ ПРАВЕЛ ЕКСПЕРИМЕНТИ ВРЗ НАС, А САЛИ И ФИЛИПЧЕ СЕ КРИЕЛЕ?! ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Е НА ПОТЕГ, ПРЕМИЕРАТА НА „НЕЧИСТА КРВ“ ЈА РАЗБРАНУВА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ (ВИДЕО)

ЖАН МИТРЕВ ПРАВЕЛ ЕКСПЕРИМЕНТИ ВРЗ НАС, А САЛИ И ФИЛИПЧЕ СЕ КРИЕЛЕ?! ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО Е НА ПОТЕГ, ПРЕМИЕРАТА НА „НЕЧИСТА КРВ“ ЈА РАЗБРАНУВА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ (ВИДЕО)

„Јавно обвинителство да им помогне на граѓаните, сиротките жални граѓани!

Бевме трети во свет по смртност! Кај Жан Митрев имало најмногу починати. Знаеле за жалбите од граѓаните. Знаеја овој “академиков” дека се фали по тв што прави.

На 8 април 2022 Филипче ќе се пофали на ФБ дека Жан ја намалува цената, знаел за што е цената, знаел што се наплаќа, доктор е, разбира. Знаел и дека на Клиника не се прави хемофилтрација.

Зошто не превземал ништо? Зошто ги остави граѓаните да се лечат приватно, зошто не излезе да се обрати дека тоа што се прави кај Жан не е според протокол? Луѓето му веруваа, што да прават, мислеа имаме систем, некој има контрола.

Сме биле оставени да сме заморчиња на човек што изгледа купувал награди на интернет. Колку луѓе имаа 12 000 евра? Колку зајмеле, продавале, уште должат кредити, за што? ЗА ШТО, ПРОФИТЕРИ???

Имиџот на Филипче беше битен, да му веруваат, па стикери, па аплаузи, па ПРот на онаа што го земаа од утринска од Алфа која од ПР П не знае, да му прави кампањи дека на Нова Година оперира. Ау ептен посветен, браво! Трети во свет по смртност, со донирани вакцини.

На ден на најмногу починати Филипче мотор возеше. Да се опушти веројатно, и он е човек, ја хендла пандемијата. Во истата таа пандемија каде луѓе умирале од бактерии и го молеле за помош. Ќутел. Тетово модуларна, штекер!

Жан правел експерименти врз нас. Луѓе барале помош. Они битно ПР тераа да му веруваме на Филипче. Еве му верувавме и на него и на популизмот кој му го тераше ПР тимот за тоа колку е најјак, ама не видовме загриженост за дешавките кај Жан.

За платата што ви ја дава народот треба да осеќате одговорност. Одговори сега не мора, одговорите да ги даде обвинителство. Законот е јасен, ако сте знаеле и сте криеле е кривично дело. Ако не сте знаеле, зошто не сте знаеле?

Лебот го јадете од граѓаните, од тие што не ги заштитивте! БЕДА!“ пишува Ина Многуфина на Фејсбук.

Епизодата „Нечиста крв“ е тешка за гледање, колку што веројатно била тешка и за правење, не само од новинарско-истражувачки и технички аспект, туку најмногу – од човечки. Нè натера сериозно да се запрашаме колку вредат нашите животи и колку оваа држава се грижи за здравјето на своите граѓани. Погледнете ја епизодата и самите извлечете заклучоци.

Од редакцијата велат дека истрагата продолжува. Искрено се надеваме дека ќе биде така.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!