лондон марш

“ЗАПОМНЕТЕ ГО 5 НОЕМВРИ”- МАСОВЕН “МАРШ НА МИЛИОН МАСКИ” ВО ЛОНДОН ЗА КОЈ СЕ МОЛЧИ! СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА, АПСЕЊА И ПАЛЕЊЕ НА ЛИКОТ НА БОРИС ЏОНСОН!

Помина дури една година откако не е виден вистинскиот пламен на правдата и слободата во Лондон, Велика Британија. Борците за човекови права кои од “мејнстрим” медиумите се наречени “антиваксери” и “анархисти” го запалија ликот на премиерот Борис Џонсон на Трафалгар Сквер, додека стотици демонстранти се судираа со полицијата на улиците на Лондон, во тек на годинашниот “Марш на Милион Маски.

Уапсени се дванаесет “анархисти”, а осум полицајци се повредени кога демонстрантите започнаа да испалуваат огномет на полицијата. Службениците задолжени за одржување на јавниот ред и мир мораа да се групираат како би се одбраниле од нападите.

Настана општо лудило кога други групи на анархисти се здружија и удрија на полицијата, што доведе до насилни судири на плоштадот кај парламентот и Трафалгар Сквер.

Повикот до демонстрантите да се разотидат не вроди со плод, а се појавија и снимки со борбите на полицијата со демонстрантите на само неколку метри од зградата на парламентот. На нив може да се види како неколку демонстранти се одвлечени од страна на полицијата по интензивните судири.

Полицајците, исто така, поставија кордон и го засилија обезбедувањето пред седиштето на BBC, како би ја заштитиле зградата од налетите на демонстрантите.

Еден од нив, кој се претстави како Ричард од Лондон, рече дека протестот е “продолжение на маршовите против ковид”.

“Тоа се неколку удари во правец на естаблишментот,” рече тој.

На маршот, кој се одржува секоја година од 2012, анархисти и демонстранти се собираат против естаблишментот и корупцијата во владата, нееднаквоста во богатството, а од минатата година и поради рестрикциите поради корона вирусот.

Речиси 200 луѓе, вклучувајќи го и бизнисменот и почитуван “антиваксерПирс Корбин, се уапсени на минатогодишниот марш поради кршење на ограничувањата за ковид-19.

Се појавија и снимки на кои се гледа како демонстрантите ја бркаат полицијата во насилни судири, додека на други се гледа како анархистите испалуваат огномет спрема полициските редови и го палат ликот на премиерот, Борис Џонсон.

Во меѓувреме, полицијата била приморана да постави барикади на разни локации ширум престолнината како би го одвратила маршот за кој демонстрантите ветија дека ќе “влезе во историјата”.

Тие утрината дури и објавија соопштение во кое велат дека се во исчекување на протестот и додадоа дека разузнавачките податоци сугерираат дека некои демонстранти допатувале во Лондон за да ја гаѓаат полицијата. За одржување на јавниот ред и мир, како поддршка на полицијата, биле повикани и коњички дивизии и единици со кучиња.

“Различни полициски единици опремени со специјални униформи за јавен ред ќе го поддржат безбедносниот план, вклучувајќи ги нашите тимови за јавен ред и мир, коњи, полициски кучиња и Националната полициска воздушна служба,” рече портпаролот на лондонската полиција.

Интересно е дека и Пирс Корбин е виден како им се придружува на демонстрантите во марширањето по улиците, точно година дена по неговото апсење.

Во низа на објави на Твитер, лондонската полиција, меѓу другото, ќе изјави: “Запалени се голем број на огномети и бакљи. Полицајците се на местото на настанот и се судираат со масите.”

Во 21 часот е издадена наредба од страна на полицијата за растурање на протестите.

Подоцна е потврдено од службата за внатрешни работи дека се уапсени дванаесет лица, а осум полицајци се повредени во судирите.

Еве, вака некако изгледа борбата за слобода и правда. Таа, апсолутно, не е секогаш правична, не сите актери во неа имаат слободарски дух, но доколку целта на масата е една и единствена, доколку целта е почитувањето на човековите права по секоја цена и дискриминација по никоја, тогаш е наша должност да се бориме за неа со сите средства кои ни се на располагање.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom