ЗАПРАШУВАЊЕ, ТРУЕЊЕ, БОЛЕСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО?! ПРЕКУ НОЌ УГИНАА РЕЧИСИ 10.000 ГОВЕДА (ВИДЕО)

ЗАПРАШУВАЊЕ, ТРУЕЊЕ, БОЛЕСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО?! ПРЕКУ НОЌ УГИНАА РЕЧИСИ 10.000 ГОВЕДА (ВИДЕО)

Се чини дека глобалниот проект за недостиг на храна напредува со полна пареа. Откако милиони кокошки беа убиени поради наводен птичји грип, откако десетици центри за дистрибуција на храна мистериозно изгореа во САД, откако беа воведени санкции кон Русија и беше намален извозот на украинската пченица, откако ЕУ поради санкциите плаќа двојно поскапа нафта и гас, а Русија токму поради тоа бележи ПОГОЛЕМ профит од нафтата и гасот во 2022, отколку во 2021 година – сега илјадници крави мистериозно умираат, и тоа одеднаш. Земјоделците се шокирани бидејќи никогаш не виделе такво нешто, причината не може да се открие, а медиумите тврдат дека е од – горештините.

Според локалните сточари, не постои соодветно објаснување за овој „феномен“. Иако засега постојат над 3.000 потврдени случаи на угинати говеда, финалните бројки лесно можат да надминат неверојатни 10.000.

Официјалното соопштение е дека регионот на Канзас, САД, деновиве е погоден од топлотен бран со температури од 37 до 40 степени целзиусови (сигурно не повисоки од оние во Македонија) и влажност на воздухот од 18 до 35%, нешто што придонело за овој масовен помор на животните и тоа преку ноќ!

Иако се знае дека смртните случаи од топлотен стрес се случуваат, тие никогаш не биле во таков обем. „Ова е многу уникатен и несреќен настан. Говедата се генерално издржливи животни и можат да толерираат топлина, но постои ограничување. Проблемот во овој случај е што температурите беа високи во текот на денот, но не паѓаа ноќе, или барем не паѓаа доволно далеку – главно поради невообичаено високата влажност,“ рече Скарлет Хагинс, потпретседателка за комуникации на Здружението за сточарство во Канзас.

Иако „експертите“ во медиумите ја раскажуваат својата приказна, луѓето со искуство во оваа област сепак зборуваат поинаку. Иако е можно некои крави да умрат од жештината, не е можно цели стада да паднат мртви вака изненадувачки и вака одеднаш.

Можеме само да заклучиме дека е многу лесно и можно кравите да се едноставно убиени, а на кој начин, веројатно никогаш нема да дознаеме. Опциите се навистина многубројни, веќе неколку пати на порталот пишувавме за фреквентно оружје што може да се активира од далечина, близок рид, авиони, па дури и сателити, кои потоа би го имале овој ефект. Но, за методите можеме само да шпекулираме, факт е дека храна има сѐ помалку, а и таа дополнително поскапува и веројатно повторно ќе биде виновен – Путин.

Погледнете како изгледа овој помор на животни на следното видео:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!