нус појава

ЗАТОА ЛИ ОМИКPOH СЕ ШИРИ ИСКЛУЧИВО КАЈ BAKЦИHИPAНИTE?! СТУДИЈА ПОКАЖУВА ДЕКА НУС-ПОЈАВА ОД BAKЦИHATA МОЖЕ ДА БИДЕ…KOBИД 19!!!

Веќе известувавме за фактот дека сѐ повеќе сме сведоци на една вистинска пандемија на вакцинираните, односно ширење на новата омикрон варијанта, речиси исклучиво помеѓу целосно (па и тројно) вакцинираните поединци.

Една нова научна студија потврдува дека раните симптоми на несакан ефект од вакцината за ковид 19, како главоболка, умор и грозница по вакцинирањето, всушност можат да значат дека лицето е заразено со корона вирусот!

Наодите објавени минатата недела во списанието eClinical Medicine, покажуваат дека нема начин за утврдување дали наведените симптоми се резултат на болест, или пак на убодот за вакцината, освен ако не се направи тестирање. Истражувачите, пак, од King’s College од Лондон, изразија загриженост дека неодамна вакцинираните можат да го шират вирусот, мислејќи дека нивните симптоми се последица на вакцината.

Според Британската Регулаторна Агенција за Лекови и Здравствени производи (MHRA), повеќе од 1 од 10 лица може да доживеат нус-појави од вакцината, а истражувачите откриваат и дека 1% од 362.770 луѓе кои пријавиле некакви симптоми во рок од една недела по примањето на вакцината, всушност имале ковид 19!

Студијата се темелела на податоци околу вакцинираните со Фајзер и АстраЗенека, помеѓу декември 2020 и мај 2021 година.

Овие наоди се објавуваат во очи на порастот на случаите и силната присила за вакцинација на целото население во Велика Британија и светот, според официјалниот наратив, поради ширењето на омикрон варијантата.

Поради зголемен ризик за пренос на болеста, некои од научниците предупредуваат дека е поважно од било кога да се провери дали симптомите по вакцинирањето се всушност последица на ковид 19.

Како би се одредила разликата помеѓу инфекција со корона вирусот и можните нус-појави од вакцината, научниците користеле различни модели како би прегледале околу 28 симптоми поврзани со оваа болест. Исто така, анализирале и три клучни клинички симптоми: висока температура, континуирана кашлица и губење на чувството за мирис.

“Сите модели на испитување открија дека е тешко да се разликуваат симптомите поврзани со позитивен резултат на тестот (зараза со ковид 19) и нус-појавите од вакцината. Поради тоа, секој со симптоми би требало да направи тест. На крајот, тоа ќе ни овозможи да го запреме ширењето околу Божиќ,” рече ко-авторката на студијата Liane Canas.

Сосема е логичен заклучокот дека со сѐ поголемиот опфат на вакцинацијата, сѐ поголем број на луѓе изразуваат симптоми слични на ковид 19, непосредно по самата вакцинација. Како што можевме да видиме, студиите велат дека не може да се одреди било каква разлика помеѓу самата болест ковид 19 и нус-појавите од вакцината, па тогаш зарем е толку тешко едноставно да се признае очигледната вистина?! Самата вакцина, кај некои поединци, предизвикува заболување со вирусот ковид 19…

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!