бобан кочовски

ЖЕСТОКО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДВИЖЕЊЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА “ОБЕДИНЕТИ РАБОТНИЦИ” ДО “СИНДИКАТИТЕ” КОИ ПОДДРЖУВААТ ПРИСИЛНА BAKЦИHAЦИJA: “ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ?”

“Со сета должна почит кон оние синдикални претставници кои што имаат координации со Владата, имам едно обично и пред се човечко прашање – дали сте вие нормални?!” – вака го започнува своето Фејсбук обраќање претседателот на Движењето за Социјална Правда “Обединети Работници”, Бобан Кочовски.

Сево ова следи по предлогот на ССМ, работодавецот да ги плаќа ПЦР тестовите за невакцинираните работници, додека и Сојузот на Синдикатите и Синдикатот за Здравство упатуваат поддршка на фашизоидните дискриминаторски мерки на Филипче, со кои стотици илјади луѓе ќе останат на улица!

Проблем веќе не е сегрегацијата, туку единствениот проблем за Владата и Синдикатите е кој ќе плати за таа сегрегација…

Остатокот од Фејбук статусот на Кочовски ви го пренесуваме во продолжение:

“Со кој памет ја виткате кичмата пред власта и како синдикални “лидери“ повикувате на легализирање на фашистички мерки каде што сте и тоа како свесни дека народ ќе остане на улица?!

Побогу, зарем фотељите ви се толку мили па сте спремни да легализирате кршење на човекови права и да дадете благослов на откази на работниците кои што треба да ги застапувате?!

Срам сте! Чукнете ги малце главите и размислете чии интереси треба да браните и од кого ја добивате својата легитимност! Без работниците сте никој и ништо, а токму работниците ќе го памтат ова предавство!

пс.Предлогот работодавачите да ги плаќаат ПЦР тестовите не ви држи вода, а вие многу добро го знаете тоа. При очи се правите слепи, а колатерална штета ќе бидат работниците кои што ќе останат на улица. Умилкувањето кај власта е привремено, гневот кај народот е вечен

ппс. Пред да ме етикетирате како анти-ваксер, да посочам уште еднаш – не се работи за теории на заговор, дали има чипови или крокодили во вакцините, туку се работи за брутална злоупотреба на моќта од страна на власта и кршења на универзалните човекови права! Ако сега заќутиме, се плашам дека никогаш повеќе нема да можеме да ги уживаме истите права кои што сме ги имале до сега, а властите ќе имаат преседан врз кој што ќе ги темелат идните побрутални методи на владеење.” – завршува Кочовски.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom