валонија пресуда

ЗНАЧИ МОЖЕЛО! БЕЛГИСКИ СУД ГИ ПРОГЛАСИ KOBИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА НЕЗАКОНСКИ И И НАЛОЖИ НА ВЛАДАТА ДА ПЛАЌА КАЗНИ!

Судот во белгискиот регион Валонија, француското говорно подрачје на југот на државата во кое живеат околу 3.5 милиони луѓе, пресуди дека употребата на потврди за вакцинација за ковид е незаконска! Како резултат на тоа, судот и наложи на локалната влада да плаќа дневна казна од 5.000 евра додека не ја повлече оваа мерка.

Тужбата беше покрената од невладината организација “Notre bon droit” (Нашето добро право).

Според судската одлука, правилата кои обврзуваат поседување на вакци сертификати за влез во рестораните, кафулињата, теретаните и сл., се спротивни на правата и слободите на поединците. И не само тоа, вио пресудата е истакнат фактот дека мерките како ковид сертификатот не и служат на целта кон која тежнеат, а тоа е спречување на ширењето на ковид 19.

Сепак, и покрај оваа одлука на судската власт, властите на регионот Валонија изјавија дека нема да ја укинат уредбата и ќе се жалат на пресудата.

Ковид сертификатот во Белгија моментално е задолжителен низ целата земја, како граѓаните би можеле да пристапат на одредени места. Сепак, одговорни за спроведување на овие мерки се токму регионалните влади, каква што е и владата на Валонија.

Постојат многу научно засновани причини кои ја доведуваат во прашање употребата на ковид сертификатите, а милиони луѓе протестираат ширум планетата против овие мерки откако истите се воведени.

Се чини дека најголемите и константни собири, односно протести во човековата историја не се пренесуваат на телевизија, па се задржува претпоставката дека само едно мало малцинство се противи на овие мерки.

Инаку, да потсетиме дека до македонскиот Уставен Суд е доставена претставка во која се бара преиспитување на уставноста, односно укинување на рестриктивните мерки, претставка на која сеуште судот одбива да одговори.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!