olabavuvanje na merkite vo makedonija

ЗОШТО НЕМА УКИНУВАЊЕ НА СÈ? СЕ ЧЕКА ОДЛУКА НА КРИЗНИОТ ШТАБ ЗА ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Главниот координативен кризен штаб деновиве се очекува да ги разгледа препораките за олабавување на кoвид мерките на Комисијата за заразни болести, а потоа да бидат усвоени на следната владина седница. Сепак, според надлежните, новите препораки кои се во насока на олабавување на рестрикциите, не значат дека пандемијата е завршена.

Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои на последниот состанок ги донесе Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски информираше дека Комисијата по разгледаната епидемиолошка состојба во државата, заклучила оти моменталните услови овозможуваат да се размислува за намалување на рестриктивните мерки и препорачува укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор.

Во однос на понатамошните препораки, премиерот Димитар Ковачевски смета дека тоа исклучиво зависи од Комисијата за заразни болести.

– Во неколку наврати имам кажано дека од исклучиво значење е мислењето кое го даваат докторите членови на Комисијата за заразни болести, а нивното мислење и знаење и искуство се покажа како точно и правилно применето од страна на Владата, бидејќи јас откако сум премиер придружуваќи се до она што го кажуваат лекарите, до нивните емпириски студии и искуствата кои ги користат од европската и од СЗО се покажа како исправно со оглед на тоа што трендовите што ги предвидуваа како во однос на почетокот на школската година, како во однос на намалувањето, односно олеснувањето на мерките, така ќе биде и понатаму во носењето на идните мерки – истакна вчера Ковачевски.

Се поставува прашањето, зошто се уште се инсистира на некакви „мерки“, кога епидемиолошката состојба покажува дека коронавирусот веќе е нешто слично со обичната настинка, а во меѓувреме, речиси сите други земји во светот, вклучувајќи ги и оние со пониска стапка на вакцинација од нашата како соседна Бугарија, потполно ги укинуваат сите преостанати рестрикции за ковид 19.

Дали и до кога ќе продолжи „циркузот“ на македонските здравствени власти?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!