ЗОШТО РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ГО ПРЕКИНА ГОВОРОТ НА ПУТИН?

ЗОШТО РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ГО ПРЕКИНА ГОВОРОТ НА ПУТИН? (ВИДЕО)

Руската државна телевизија го прекина говорот на претседателот Владимир Путин во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва.

Додека Путин се обраќаше на насобраниот народ, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.

На Путин му беше скратена реченицата додека велеше: „Почетокот на операцијата случајно се совпадна со роденденот на една наша извонредна војска“…

Руската државна телевизија е строго контролирана и таквите прекини се крајно невообичаени, нагласуваат западните медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите веднаш по настанот изјави дека прекинот е поради „техничка неисправност“.

Путин зборуваше на настан за поддршка на руската армија во Украина и за одбележување на анексијата на полуостровот Крим во 2014 година.

Извор: МИА

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!